SYNERGY Synfoline Метилфолат + Јод, 60 капсули

Опис на производот
Фолната киселина или витамин Б9 е неопходен витамин за секој поединец за нормално здравје и живот а особено се препорачува доколку жената е бремена или планира да остане бремена.
Фолната киселина е значајна за многу важни процеси во нашиот организам, а посебно при делба, диференцијација и раст на клетките на ембрионот и фетусот. Важна е за синтеза на ДНК и за функционирање на клетките во организмот.
Има улога во метаболизмот на нервните клетки, а заедно со витаминот Б12 е неопходна за создавање на црвените крвни клетки. Исто така има значајна улога во конверзија на аминокиселините кои му се неопходни на нашиот организам, учествувајќи во намалување на нивото на хомоцистеинот во крвта. Зголемено ниво на хомоцистеин доведува до појава на зачепување на крвните садови делувајќи тромбогено.
Јодот придонесува за нормална когнитивна и невролошка функција на организмот и учествува во производството на тироидните хормони и нормална функција на тироидната жлезда.
Предности на Synergy Synfoline (Метил фолат 400 мкг+Јод 100 мкг):
- Природен облик со супериорна биорасположливост
- Навлегува во крвно мозочната бариера
- Биолошки активна форма
- Со природни состојки
- Без квасец и глутен
Пакување: 60 капсули
Содржина
Состав:
Метил фолат (L-5-Methyltetrahydrofolate calcium) | 400 мкг |
Јод (Iodine (Potassium Iodide)) | 100 мкг |
Употреба: една капсула на ден.