МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Уринарни инфекции и биофилм – зошто инфекциите се повторуваат?

Pharmanova Капсули за уринарни инфекции, 30 капсули

Инфекциите на уринарниот тракт (УТИ) претставуваат едни од најчестите бактериски инфекции во секојдневната клиничка пракса и значаен јавно-здравствен проблем. Веднаш по респираторните инфекции, тие се втор најчест причинител за посета на лекар. Особено се застапени кај жените, поради анатомските и физиолошките карактеристики на уринарниот тракт, при што се проценува дека секоја петта жена барем еднаш во животот се соочува со УТИ, а кај значителен процент од нив инфекциите се повторуваат.

Како настануваат уринарните инфекции?

Најчестиот пат на настанување на овие инфекции е асцендентниот, при што микроорганизмите, најчесто од сопствената цревна флора, навлегуваат преку уретрата и се размножуваат во мочниот меур. Во нормални услови, одбранбените механизми на организмот, како што се протокот на урина и локалната имунолошка заштита, успешно ги елиминираат овие микроорганизми. Сепак, во услови на нарушена микрофлора, хормонални промени, употреба на антибиотици или ослабен имунитет, се создаваат погодни услови за развој на инфекција.

Најчест причинител е Escherichia coli, одговорна за околу 80% од случаите, но во етиологијата учествуваат и други бактерии, како и габи како Candida albicans. Клиничката слика најчесто се карактеризира со често мокрење, чувство на итност, печење при мокрење, болка во долниот дел на стомакот и промени во изгледот и мирисот на урината.

Зошто уринарните инфекции се повторуваат?

Иако акутните инфекции во многу случаи успешно се третираат, значаен клинички проблем претставуваат рекурентните УТИ. Тие можат да се појават како реинфекција, кога инфекцијата е предизвикана од нов микроорганизам, или како релапс, кога истиот причинител повторно предизвикува инфекција. Се проценува дека околу 25–40% од жените со една епизода на акутен циститис подоцна развиваат рекурентна инфекција.

Биофилм – скриената причина за хронични и рекурентни инфекции

Клучен фактор во овие повторувања е способноста на микроорганизмите да формираат биофилм. Биофилмот претставува организирана заедница на микроорганизми кои се прицврстуваат за површината на уринарниот епител и создаваат заштитна матрица. Оваа структура им овозможува да преживеат во неповолни услови, да избегнат дејство на антибиотиците и да останат „скриени“ во организмот како резервоар на инфекција. Токму затоа, инфекциите поврзани со биофилм се потешки за третман и имаат поголема тенденција за повторување.

Дополнително, биофилмот е тесно поврзан со развој на антимикробна резистенција, што го отежнува изборот и ефикасноста на терапијата. Ова укажува дека современиот пристап во третманот на УТИ мора да биде насочен не само кон елиминација на бактериите, туку и кон спречување на нивната адхезија и формирање на биофилм.

Современ пристап во превенција и поддршка при УТИ

Во овој контекст, значајна улога имаат природните уроантисептици со повеќекратен механизам на дејство. Utisept, кој содржи стандардиран екстракт од Hibiscus sabdariffa (Ellirose™), делува директно антимикробно во уринарниот тракт, го спречува врзувањето на микроорганизмите за ѕидот на мочниот меур и го инхибира создавањето на биофилм. Дополнително, со благо закиселување на урината создава неповолна средина за раст на најчестите уропатогени, како E. coli и Candida albicans.

Utisept како поддршка кај рекурентни уринарни инфекции

Клиничките студии покажуваат дека ваквиот пристап не само што придонесува за брзо олеснување на симптомите, туку и значително го намалува ризикот од повторување на инфекциите. Utisept може да се користи како дополнителна терапија заедно со антибиотици, но и самостојно, особено во превенција на рекурентни УТИ.