VEET Сет за депилирање на интимни делови, за мажи

Veet Men Depilatory Kit for Sensitive Skin 2pcs set za depilacija na mazi za intimni delovi
VEET Сет за депилирање на интимни делови, за мажи
403,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054855C
favorite_border

Опис на производот

Сетот за депилација на интимните делови за мажи се состои од крем за депилација и балсам за после депилација.

Кремот за отстранување на влакна е погоден за отстранување на влакна на препоните, срамната површина, основата на пенисот, скротумот и задникот.

Пакување: крем за депилација 100 мл, балсам 50 мл + шпатула.

Содржина

Внимателно прочитајте ги и следете ги мерките на претпазливост и упатствата пред употреба.

Не ја користете кремата за отстранување на влакна на вратилото или горниот дел од пенисот, помеѓу задникот, околу анусот и перианалната област.

Ако го користите производот прв пат, можеби ќе ви биде полесно да ги скратите влакната до 2 цм.

Користејќи ги рацете или закривениот дел од шпатулата, намачкајте ја кремата за отстранување на влакна, рамномерно на кожата, целосно покривајќи ги влакната. После тоа веднаш плакнете ги рацете со вода.

Оставете го кремот да делува 5 минути, а потоа користете ја шпатулата или влажна крпа, за нежно да отстраните мала тест област од кремот додека ја држите кожата затегната. Ако влакната лесно излегуваат користете шпатула или влажна крпа за миење за да го отстраните остатокот. Ако влакната се поцврсти, можете да ја оставите кремата да делува вкупно 10 минути, но не повеќе. Ако почувствувате некакво пецкање за време на употребата, веднаш отстранете го производот со влажна крпа и потоа исплакнете темелно со вода за целосно да се отстрани кремот.

Исплакнете ја кожата темелно со вода за целосно да се отстрани кремот, а потоа нежно исушете ја.

Нанесете го балсамот за после депилација, како навлажнувачки крем, и нежно масирајте ја кожата.

Пред првата употреба направете проба на мала површина што сакате да ја депилирате. Било кое чувство на чешање или горење, значи дека вашата кожа е чувствителна, веднаш исплакнете со ладна вода. 

Во случај на контакт со очи, веднаш исплакнете со многу вода и побарајте лекарска помош.

Да се чува вон дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се