VITABIOTICS Osteocare Original, 90 таблети

Опис на производот
Osteocare Original е бр.1 формула за здравјето на коските во Обединетото Кралство и е научно развиена врз основа на најновите истражувања за да обезбеди богат извор на калциум и кофактори, вклучувајќи витамин Д кој помага со нормална апсорпција на калциум во организмот.
Osteocare Original содржи Д3 форма на витамин Д. Витаминот Д3, исто така познат како холекалциферол, која е форма на витамин Д, произведенa од страна на кожата изложена на сончева светлина. Д3 е најпосакувана форма на витаминот Д, бидејќи е специфична форма создадена во телото на човекот и затоа е многу поефикасна од Д2 којa се наоѓа во некои суплементи.
Пакување: 90 таблети
Прочитај повеќе
- Калциум плус кофактори
Osteocare Original обезбедува 100% РВХ (референтна вредност на хранливи материи) на калциум внимателно комбиниран со кофактори, вклучувајќи витамин Д, цинк и магнезиум, кои помагаат да се одржи нормално здравје на коските.
- Калциумот е важен за секого
Обезбедувањето на соодветен внес на калциум е од витално значење за мажите и жените од сите возрасти, како доказ на тоа укажуваат здравите искуства рано во животот, вклучувајќи ја и соодветната потрошувачка на калциум и неговите елементи, кои придонесуваат за нормално здравје на коските и оптимална минерализација на коските. Максималната коскена маса, добиена во текот на детството и адолесценцијата е од голема важност во одржување на коските подоцна во животот. Министерството за здравство на Обединетото Кралство препорачува дека луѓето на возраст од 65 години и постари треба да внесуваат дневен додаток од 10mcg на витамин Д.
- Калциумот е од витално значење за повозрасните жени
И двата пола губат од коскената маса во текот на нивниот живот, но по менопаузата жените обично губат од коскената маса многу побрзо отколку мажите.
Постменопаузалните жени имаат зголемен ризик од губење на коскената маса за три причини:
- Коскената минерална содржина има тенденција да биде помала кај жените отколку кај мажите
- Внесувањето на калциум може да се намали со возраста
- Стапката на губење на коскената маса се забрзува во менопаузата