VITALIA Протеински бар со колачи и темно чоколадо, 30 г

Опис на производот
За спортски активните лица, но и за оние што уживаат во вкусна протеинска ужина создадовме протеински барови во три атрактивни вкусови со 35% протеин и високо количество на растителни влакна.
Протеините се од суштинско значење за растот и развојот на организмот. Тие се добар извор на енергија, помагаат во градење и одржување на мускулна маса и контрола на телесната тежина, затоа нашите протеински барови се идеален избор за секој животен стил.
Протеинскиот бар со колачи и темно чоколадо е вкусна комбинација од крцкави колачиња со крем, надополнети со неодоливо темно чоколадо, вистински рецепт за комплетно задоволство.
Практична ужина за современите и активни индивидуи кои се секогаш во брзање и on-the-go. Протеинскиот бар го одржува организмот сит и задоволен долг период од денот.
Нето-тежина: 30 г
Содржина
Состав: темно чоколадо со стевиа 25% (засладувачи: изомалт и стевиол гликозид, какао путер, какао маса, какао во прав, емулгатор Е476, арома), соја екструдат, соја снегулки, јачменов слад, олигофруктозен сируп, канола масло, млеко обрано во прав, колачи со какао 3% (пченично брашно, шеќер, средство за нараснување: натриум бикарбонат, канола масло, какао во прав), омекнувач: глицерол, сорбитол, готварска сол, арома крем. Чоколадото содржи мин. 50% какао делови.
Алергени: производот содржи соја, глутен и млеко. Може да содржи траги од сусам, кикирики и јаткасти плодови.