VITALIA RiceVita Оризово млеко со 9 витамини, 300 г

vitalia rice vita rice drink powder 9 vitamins + Ca orizov napitok mlekoso 9 vitamini
VITALIA RiceVita Оризово млеко со 9 витамини, 300 г
186,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
003118C
favorite_border

Опис на производот

RiceVita 9 Витамини + Ca - оризовото млеко во прав со природен вкус, збогатено со витамини и минерали со одлично избалансиран нутритивен профил. Напитокот подготвен од RiceVita има блага арома и вкус кој потсетува на традиционалниот сутлијаш. Оризовото млеко обилува со бавно согорувачки шеќери, есенцијални аминокиселини, витамини и минерали.

Предноста на оризовото млеко RiceVita е неговиот нутритивен состав. За разлика од кравјото млеко, не содржи холестерол и заситени масти, не содржи лактоза. Токму затоа се препорачува за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети.

RiceVita е вкусен и здрав напиток за секој член од вашето семејство. Децата го сакаат поради лесно прифатливиот оризов вкус, а возрасните поради богатата содржина на хранливи состојки. Оризовите протеини се високо нутритивни, со одличен амино киселински профил. Токму затоа оризовото млеко се препорачува за лица кои страдаат од целиакија. Оброците подготвени од оризово млеко се најдобар избор посебно во случај на диареја (пролив).

RiceVita – оризово млеко (замена за кравјото млеко) е прехрамбен напиток со пријатен вкус кој спаѓа во групата на природни растителни производи. Не содржи лактоза, холестерол.

Оризовиот напиток е погоден за лица со лактозна интолеранција, лица кои имаат тешкотии со варењето или лица со високо ниво на холестерол. Оризовото млеко се препорачува за сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на својата исхрана. Има пријатен вкус и високата хранлива вредност. Оризовото млеко е одлична замена за кравјото млеко. Со него, на брз и лесен начин, можете да подготвите милкшеик, фрапе, нескафе, коктел, житни оброци и мусли, пудинзи, супи, сосови, тестенини. Не се згруднува и брзо се раствора.

Може да го конзумираат и дијабетичари во рамките на пропишаната диета.

Не се препорачува како замена за кравјо млеко кај деца до три годишна возраст.

Нето-тежина: 300 г

Содржина

Состав: пченкарен сируп, делумно хидрогенизирано соино масло, оризово брашно (13%), засладувач: малтитол, регулатор на киселост: калиум фосфат , емулгатор: Е471, витамини (витамин Ц, Б6, Б12, ниацин, пантотенска киселина (калциум Д пантотенат), фолна киселина, тиамин, биотин, рибофлавин, калциум лактат, натриум казеинат, средство против згрутчување: силициум оксид, сол, стабилизатор: карагенан, арома, боја: каротен.

Алергени: содржи соја и казеинат. Може да содржи траги од јаткасто овошје, глутен и сусам.

Начин на подготовка: лесно е за подготовка: 2 лажички RiceVita соино млеко во прав растворете во 250 мл топла или млака вода и промешајте. За подготовка на ладен напиток употребете миксер за подобро мешање. Со 300 г RiceVita може да подготвите 2,5 литри напиток.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се