МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот Христијански Празник- ВОДИЦИ

Годинава и покрај ниските температури и пандемијата на ковид, речиси во сите делови од земјава, со поскромна посетеност и со придржување кон протоколите за ковид, се одржа црковно-народната манифестација- Водици. 

vodici zegin

Се верува дека оној што ќе го фати Светиот крст ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
За разлика од претходните години, кога учесниците се натпреваруваа кој прв ќе стигне до крстот, на овогодишната прослава на Водици во Скопје тие манифестираа заедништво во фаќањето на Чесниот крст во реката Вардар.
„Оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво”, порача групата учесници на церемонијата, во која немаше традиционално скокање по крстот, а учесниците го дочекаа заедно прегрнати.
Компанијата Зегин и оваа година, во духот на хуманоста и традицијата ја поддржа централната манифестација во Скопје, но и останатите манифестации ширум земјата и обезбеди награди за сите учесници во 34 града и 30 помали населени места. Со тоа Зегин уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и општеството.