WELEDA Baby Derma Лосион за тело од бел слез, 200 мл
Опис на производот
Ја смирува и хидрира бебешката сува и атопична кожа.
Интензивна хидратантна нега за бебиња и деца со чувствителна и изразено сува кожа, подложна кон дерматитис (неуродерматитис и атописки дерматитис). Белиот слез ја смирува иритираната кожа и црвенилото, ја чува природната хидратација на нежната бебешка кожа и го стимулира нејзиниот развој и отпорност кон надворешни влијанија. Без мириси. Дерматолошки тестирано.
Пакување: 200 мл
Содржина
Состав: Вода, кокосово масло, масло од семки од сончоглед, глицерин, алкохол*, пчелин восок, хидрогенизирани коко-глицериди, путер од семки од какао, масло од семки од борач, масло од семе од шафран, несапунифицирано масло од сончоглед, глицерол стеарат, масло од сладок бадем, екстракт од корен од бел слез, екстракт од шарена темјанушка, ксантан гума, глицерол-каприлат, сквален.
*алкохол од природно потекло кој се користи при процесот на екстракција на билни екстракти, кои се активни компоненти во природните и органски производи на Weleda. Овој алкохол се добива со ферментирање на органски одгледана пченица, на тој начин се елиминира и потребата од користење на синтетички конзерванси.
Употреба: Нанесувајте секојдневно, на целото тело. Погодно и за возрасни со чувствителна, сува и атопична кожа.