YOUNG DERM Влажни марамчиња за проблематична кожа, 25 парчиња
Опис на производот
Young Derm влажните марамчиња се наменети за отстранување на нечистотиите и вишокот маснотија, како и за отстранување шминка од кожата на лицето.
Влажните марамчиња за проблематична кожа содржат активна состојка цинк ПЦА, која длабински ја отстранува нечистотијата и маснотијата од кожата.
Воедно, вградените состојки помагаат за тонизирање, хидрирање и за специфична нега на проблематичните делови на кожата. Активната состојка цинк ПЦА сигурно и ефикасно ја заштитува кожата од воспаленија, помага за регулирање на маснотијата на кожата и го намалува ризикот од создавање акни.
Young Derm влажните марамчиња за проблематична кожа во својот состав не содржат алкохол, со што се избегнува дополнителното сушење на кожата. По чистењето на лицето со марамчињата не е потребно миење и плакнење.
Пакување: 25 влажни марамчиња