YSLAB Ocean Bio-Actif Blocked Nose Спреј за нос, 125 мл

YSLAB ocean bio-actif blocked nose sprej za nos
YSLAB Ocean Bio-Actif Blocked Nose Спреј за нос, 125 мл
324,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053055C
favorite_border

Опис на производот

  • Деконгестив
  • Поттикнува отстранување на слуз
  • Елиминира инфективни агенси и алергени
  • 100% природен производ
  • За возрасни и деца над 3 години

Ocean BIO-ACTIF Blocked Nose е спреј специјално дизајниран за чистење и деконгестија на носните празнини, при состојби на настинка, синуситис и алергиски ринитис.

Хипертоничниот раствор на морска вода*, брзо ја чисти конгестираната носна празнина и ја регулира продукцијата на слуз. Динамичниот млаз овозможува ефикасно чистење на слузта и елиминација на инфективни агенси и алергени.

При состојби на настинка секојдневната употреба на спрејот го помага заздравувањето и ја помага ефективноста на основниот третман.

Назалните празнини се одблокирани, ослободени и заштитени.

Пакување: 125 мл.

Содржина

Состав: хипертоничен раствор на морска вода*.

Производот не содржи конзерванси.

*Средно хипертоничен раствор на морска вода сo повисока концентрација на NaCl од концентрациите во хуманите клетки (15g/L) кој доведува до деконгестија на слузокожата на носот. 

Морската вода во состав на производот потекнува од природна, чиста средина од Brittany Франција.

Употреба: назална употреба.

  • Употреба при состојби на настинка, синуситис и алергиски ринитис за деконгестија при затнат нос
  • Прснете по еднаш или по два пати во секоја ноздра, од 2 до 3 пати на ден

Пред употреба прочитајте го приложеното упатство за употреба!

Производот е наменет за возрасни и деца над 3 години.

Предупредување:

Медицинско средство класа IIa. Контејнер под притисок: може да експлодира ако се загрее. Да се чува на места заштитени од извори на топлина искри, оган, топли површини. Не пушете при употреба на производот. Немојте да го продупчувате или палите контејнерот дури ни кога е празен. Да се чува на места заштитени од сончева светлина. Да не се изложува на високи температури над 50°С/122F. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура од 8-35°С.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се