YSLAB Ocean Bio-Actif Protect+ Спреј за нос, 30 мл

YSLAB Ocean Bio Actif Protect + sprej za nos
YSLAB Ocean Bio-Actif Protect+ Спреј за нос, 30 мл
272,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053057C
favorite_border

Опис на производот

  • Ослободување од симптомите на настинка
  • Зајакнување на одбраната на организмот
  • Намалување на ризикот од секундарни инфекции
  • За возрасни и деца над 3 години

Слузокожата на носот е првата физичка бариера за заштита од вируси и бактерии кои предизвикуваат заболувања кои се јавуваат во зимскиот период (настинка, синузитис, ринитис).

Ocean BIO-ACTIF Protect + ја штити и подготвува слузокожата на носот во борбата со штетните агенси во тек на зимскиот период. Се нанесува со помош на пумпа за распрскување при што се овозможува растворот во форма на спреј безбедно и ефикасно да доспее во сите делови на назалните патишта. Освен тоа пумпата за распрскување претставува ефикасен систем кој го намалува ризикот од контаминација во тек на употребата.

Дејство:

Ocean BIO-ACTIF Protect + содржи комбинација од хипертоничен раствор на морска вода* и кафена алга Ascophyllum nodosum која се карактеризира со исклучителни хидратантни карактеристики, како и минерали и елементи во траги природно присутни во морската вода.

*Потекло: заштитена природна средина од Brittany Франција. 

Пакување: 30 мл.

Содржина

Состав:
Хипертоничен раствор на морска вода*(99.9%): раствор на морска вода која содржи минерали и елементи во траги природно присутни во морската вода (магнезиум, калциум, калиум, сулфур, хлориди, натриум).
Екстракт на Ascophyllum nodosum (0.1%): кафена алга со хидратантни карактеристики. 
*повисока концентрација на NaCl од концентрациите во хуманите клетки (15г/л).
Производот не содржи конзерванси.

Употреба:

  • За превенција: 1-2 прскања, во секоја ноздра, на ден секој ден во тек на зимскиот и пролетниот период
  • При појава на првите симптоми (назален секрет, кивање): 1-2 прскања во секоја ноздра, 3 до 4 пати на ден, до исчезнување на симптомите

Производот е наменет за возрасни и деца над 3 години.

Начин на употреба: назална употреба.

Медицинско средство класа I.

  • Издувајте го носот
  • Извадете го заштитното капаче
  • Кога го употребувате за прв пат после отворање на пакувањето, притиснете неколку пати на пумпата за распрскување
  • Нежно внесете го назалниот продолжеток, вертикално во ноздрата
  • Притиснете ја пумпата за распрскување и лесно вдишете
  • Повторете ја постапката за другата ноздра
  • Ако е потребно издувајте го носот да го отстраните вишокот од раствор

За да се избегне ризик од контаминација, измијте го назалниот продолжеток со сапун и топла вода, исплакнете и исушете. Потоа ставете го заштитното капаче.

Предупредување:

За индивидуална употреба (еден производ треба да го користи само едно лице). 

Да не се употребува во случај на алергија или хиперсензитивност на некоја од состојките во состав на производот.

Производот не е наменет за бремени жени и доилки, како и за пациенти со хипертироидизам.

Ако се сомневате за нешто или ако симптомите перзистираат, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Да се чува на места недостапни за деца.

Да не се користи ако пакувањето е оштетено.

Да не се користи по истекување на рокот на употреба, наведен на пакувањето.

Ако дојде до појава на несакани дејства, информирајте го вашиот лекар или носителот на решението за запишување во регистерот на медицински средства достапни во Република Северна Македонија

Начин на чување:

Да се чува во оригинално пакување на температура од 8-35°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се