МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Зајакнете го имунитетот на вашето дете и надитрете ги вирусите

Која е разликата меѓу настинка и грип?

И настинката и грипот се вирусни инфекции на дишните патишта кои не се лекуваат со антибиотици. Грипот, за разлика од настинката, започнува одеднаш. Некои од сиптомите се многу висока температура, сува кашлица, болки во мускулите, зашеметеност, дезориентираност и главоболка.

Децата немаат развиени хигиенски навики како возрасните, па кивањето и кашлањето без ставање рака на устата, ставање на рацете и разни предмети во уста како и допирање на површините околу себе, со голема брзина ги шират причинителите на инфекции на дишните патишта, па така и грипот.

Грипот во најраниот период кај децата е потежок и поопасен отколку кај возрасните. Вирусот може да доведе и до воспаление на белите дробови, мозокот и срцевиот мускул. Кај доенчињата знаците на тешка болест можат да се поскриени отколку кај постарите деца. Доколку детето делува мирно, бледо, отежнато дише или тешко се буди, веднаш појдете на доктор.

 

Совети за лекување на настинка и грип

Без разлика дали станува збор за настинка или грип, кај децата се препорачува внесување на големи количини на течност, многу одмор и спиење, како и јакнење на имунитетот со здрава и урамнотежена исхрана, што вклучува супа, многу овошје и зеленчук и варива.

За да го одбегнете отсуството од градника или училиште, клучна е превенцијата на болеста. Најдобра превенција е сигурното јакнење на имунитетот кој го тера организмот сам да се одбрани кога ќе дојде во контакт со заразата.

На пазарот се присутни додатоци во исхраната кои значително го јакнат имунитетот.