МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Започнува големата наградна игра на Зегин!

Од денеска, 28.04.2022 година започнува големата наградна игра во аптеките на Зегин во Прилеп, Велес и Струмица со времетраење од еден месец, односно до 28.05.2022 година. 

Наградната игра се приредува во аптеките на Зегин во Прилеп, Велес и Струмица, а се организира за продажба на ОТЦ производи, козметика, детски производи, производи за лична хигиена, здрава храна и тн. 

nagradna igra zegin maj 2022

Правила на наградната игра:

Право на учество имаат сите полнолетни лица со фискална сметка од најмалку 1000 денари направена во било која од наведените аптеки на ПЗУ Зегин Фарм и ПЗУ Моја Аптека. Сметката од минимум 1000 денари треба да биде направена во едно купување (не важи за собрани повеќе фискални сметки во таа вредност). Во наградната игра не влегуваат лекови кои одат на лекарски рецепт.

Со секоја сметка од најмалку 1000 денари учесниците добиваат купон на кој треба да ги наведат своите податоци (Име, презиме, адреса и телефон, број на фискална сметка, аптека и град каде е направена сметката). Купонот треба да се стави во посебно обележаните кутии кои се поставени во наведените аптеки.

Фискалната сметка треба задолжително да се чува како верификација сè до извлекувањето на наградите, поради тоа што истата е потребна за утврдување на точноста на податоците внесени во купонот.

По завршувањето на дадениот период назначен за времетраењето на наградната игра, се собираат сите купони и се носат во Дирекцијата на ЗЕГИН АПТЕКИ на ул. 8-ми Септември бр. 40, Скопје, каде ќе бидат извлечени добитниците. 

Извлекувањето на наградите ќе се одржи во дирекцијата на ЗЕГИН АПТЕКИ во присуство на нотар и претставник од маркетинг сектор и аптеки, на 06.06.2022 во 12 часот.

Контрола на процесот на извлекување на наградната игра ќе биде спроведен од страна на Нотар од подрачјето на Град Скопје.

Имињата на извлечените добитници ќе бидат објавени на страните на Зегин (веб страна, ФБ страна, Instagram), а среќните добитници ќе бидат и лично исконтактирани.

Наградите се подигнуваат од аптеката од каде што е направена фискалната сметка во рок од 2 недели по извлекувањето и откако ќе биде контактиран добитникот.

Рокот во кој незадоволниот учесник во наградната игра има право да поднесе приговор против приредувачот на наградната игра е 1 недела по извлекувањето. 

Еднаш искористена фискална сметка не може повторно да учествува во наградната игра. Добиената награда не може да се замени со друг/а и не постои никаков друг вид надомест. Сите вработени во Зегин Доо, Зегин Фарм, Моја аптека, како и членовите на нивните потесни семејства не можат да учествуваат во наградната игра.

Награден фонд:

  • Телефон SAMSUNG GALAXY A52S 5G 128GB Black
  • Таблет SAMSUNG Galaxy Tab A8 LTE 64GB
  • Велосипед Rapid Bogota 27.5”
  • Апарат за мерење притисок ALPHAGO - MEDU60 
  • Апарат за мерење шеќер сет глукометар со 50 ленти гратис MEDISIGN
  • Пакет производи од Зегин

Организаторите на наградната игра - ДВНТУ ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД ДОО Скопје, ПЗУ аптека МОЈА АПТЕКА Скопје и ПЗУ аптека ЗЕГИН ФАРМ Скопје, имаат дозвола за приредување на наградната игра одобрено од Министерството за финансии на Р.С. Македонија со решение со број 13-3527/2.

Тимот на Зегин ви посакува многу среќа!

Останете здрави со одлуки прави!