МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
ЗЕГИН: “Хуманоста и општествената одговорност и понатаму се нашите приоритети! “

Во изминатиов период компанијата Зегин продолжи со активности со кои ја продолжува традицијата на општествено одговорна компанија.

zegin humanost

И месец октомври поминува во знакот на хуманоста.

Од 20.10-22.10.2021 година во Скопје се одржа Регионалната научна конференција "Предизвиците на децата со канцер и Ковид 19" во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО, а во име на децата- херои

Станува збор за конференција на која што присуствуваа стручни лица (лекари, онколози, психолози, социјални работници) и претставници на здруженијата кои воедно се и млади излечени од канцер, од територија на сите поранешни Југословенски републики (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина). Целта на оваа конференција е споделување на искуства за нивната работа во полза на канцер пациентите во време на ковид 19, како и подигнување на свеста во јавноста за зголемување на бројот  на заболени од оваа болест. Конференцијата беше поддржана од Министерот за здравство Венко Филипче.

Компанијата Зегин беше дел од оваа конференција во улога на општествено одговорна компанија која секогаш ги препознава искрените напори за помош и дава несебична поддршка за нивна поуспешна реализација со која би се овозможила подобра и поквалитетна нега на оние на кои им е најпотребно.

Тука е и здружението “Кокичиња” на кои исто така им се помогна со донација од потребни производи.

Поддршка беше дадена и за спортски настани - Зегин ја даде својата несебична помош и во Атлетската трка “23 Октомври” која традиционално се одржува по повод Денот на македонската револуционерна борба.

“И не застануваме овде, продолжуваме понатаму со хуманост, поддршка и пријателства, бидејќи тоа е клучот за успех и доверба”- велат од компанијата Зегин.