МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Зегин се вклучува во едукација на најмладите– преку игра да се запознае фармацевтската професија

Во текот на вчерашниот ден во Штип се отвори Mini City - центар за едукација и развој на детската имагинација, каде децата одблизу се запознаваат со професиите на возрасните. Целосниот проект опфаќа дидактички игри формирани во различни работилници, во кои најмалите со реални алатки влегуваат во улога на професионалци и го доживуваат реалниот свет.

Zegin edukacija

Mini City е составен од преку 20 различни куќички кои автентично, но во мини варијанта прикажуваат разновидни професии, како фармацевти, стоматолози, касиери, радиоводители, автомеханичари, пекари...

Зегин, со големо задоволство и желба да ја доближи фармацевтската индустрија до најмладата популација се вклучи во проектот наречен Mini City каде во својата куќичка ќе ги едуцира дечињата како визуелно и практично функционира оваа дејност, а со својата богата програма на детски производи почнувајќи од козметика, производи за имунолошка поддршка, витамини и минерали, како и делот за здрава храна, децата ќе научат како да останат здрави.

Секако, присутна беше и идејата да се побуди детскиот интерес со што во нивниот подоцнежен професионален развој би се пронашле како дел од фармацевтската професија, која е неизбежен дел од секојдневното модерно живеење.