МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Зегин со поддршка на Француската Уметност и Култура

francuska umetnost i zegin

Во средата, 01.12 Францускиот институт организираше гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „ФРАНС“ (2021) во режија на познатиот француски режисер Бруно Димон.

Настанот го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, кој ја истакна одличната соработка меѓу Македонија и Франција во сите сфери, особено во областа на културата.

Настанот го посетија голем број љубители на францускиот филм, а истиот беше одржан со поддршка на компанијата Зегин која редовно и безрезервно ги поддржува проектите  во организација на Францускиот институт.