ZENTIVA О.Р.С. Шумливи таблети со вкус на јагода, 12 парчиња
Опис на производот
Zentiva О.Р.С шумливите таблети претставуваат храна за посебна медицинска намена и се наменети за диететско регулирање во случај на загуба на вода и електролити при дијареа, повраќање, покачена телесна температура, потење, зголемена физичка активност и спортување, односно секогаш кога е потребно надополнување на водата и минералите во вашето тело.
- Комбинација на глукоза и минерали
- За соосдветен баланс на течности
- Производот е наменет за деца над 2 години и возрасни
- Одличен вкус на јагода
- Комплетна хидратација
Пакување: 12 шумливи таблети.
Производител: Basic Pharma Manufacturing B.V. Burgemeester Lemmensstraat 352, 6163 JT Geleen, Холандија.
Содржина
Состав: глукоза, лимонска киселина, натриум хидрогенкарбонат, натриум хлорид, калиум хлорид, полиетилен гликол 6000, арома на јагода, колидон 25, засладувач: сукралоза, агенс за боење: цвекло екстракт, бета каротен.
Една шумлива таблета за 100 мл раствор
1 шумлива таблета | mmol/L |
Глукоза | 101 |
Натриум | 70 |
Калиум | 20 |
Хлориди | 51 |
Цитрати | 22 |
Содржи засладувач: сукралоза
Употреба: Пред употреба, растворете ја таблетата во соодветна количина на вода.
Дозирање:
- Возрасни и деца над 6 години: 200 мл раствор, секој пат кога е потребно да се одржи нивото на течности.
Земете 200 мл вода за пиење. Додадете 2 таблети и почекајте да се растворат комплетно. Испијте го растворот полека, со земање на мали голтки на одредено време. На овој начин растворот најдобро ќе се апсорбира во организмот. Ако ова Ви е проблем, полека пијте го растворот во текот на денот.
- Деца под 6 години: 10 мл раствор на кг телесна тежина, секој пат кога е потребно да се одржи нивото на течности
- Деца до 10 кг: Доволно е да растворите 1 таблета во 100 мл вода за пиење
За повеќе информации околу подготовката и дозирањето, прочитајте го внатрешното упатство.
Растворот треба да се употреби по подготовката и да не се чува надвор од фрижидер во период подолг од 8 часа. Подготвениот раствор може да се чува во фрижидер до 24 часа.
Ве молиме да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт.
Мерки на претпазливост: Секогаш употребувајте квалитетна вода за подготовка на растворот. Не ја надминувајте препорачаната доза. Немојте да ги џвакате или голтате таблетите. Пред употреба консултирајте се со лекар ако имате бубрежно или хепатално заболување, ако сте на диета со ниско ниво на калиум или натриум. Секоја шумлива таблета содржи 1.8 г глукоза. Ова треба да се земе во предвид кај дијабетичари. Луѓе со висок крвен притисок и/или срцеви заболувања треба да имаат предвид дека О.Р.С шумливите таблети содржат натриум (секоја таблета содржи 176 мг натриум хлорид)
Да се чува на температура до 25°C, заштитен од светлина и влага. Чувајте ја тубата добро затворена.
Да се чува на места недостапни за деца!
Напомена: Се користи под медицински надзор. Овој производ не треба да се користи како замена за разновидна храна. Производот е нутритивно непотполна намирница и не e погодна за употреба како единствен извор на храна.