ZENTIVA О.Р.С. Шумливи таблети со вкус на лимон, 12 парчиња
Опис на производот
Zentiva О.Р.С шумливите таблети се додаток на исхраната.
- Комбинација на глукоза и минерали
- Производот е наменет за доенчиња, деца и возрасни
- Со вкус на лимон
Пакување: 12 шумливи таблети.
Производител: Basic Pharma Manufacturing B.V. Burgemeester Lemmensstraat 352, 6163 JT Geleen, Холандија.
Содржина
Состав: една шумлива таблета е за 100 мл раствор
| Активни состојки | 1 шумлива таблета |
| Глукоза | 1826 мг |
| Натриум хлорид | 176 мг |
| Калиум хлорид | 150 мг |
| Лимонска киселина | 429 мг |
Состојки: глукоза, лимонска киселина, натриум бикарбонат, полиетилен гликол, натриум хлорид, калиум хлорид, арома на лимон, аспартам, рибофлавин, колидон.
Употреба: Пред употреба, растворете ја таблетата во соодветна количина на вода.
Дозирање:
- Возрасни и деца над 20 кг: 200 мл раствор, секој пат кога е потребно да се одржи нивото на течности.
Земете 200 мл вода за пиење. Додадете 2 таблети и почекајте да се растворат комплетно. Испијте го растворот полека, со земање на мали голтки на одредено време. На овој начин растворот најдобро ќе се апсорбира во организмот. Ако ова Ви е проблем, полека пијте го растворот во текот на денот.
- Доенчиња и деца под 20 кг: 10 мл раствор на кг телесна тежина, секој пат кога е потребно да се одржи нивото на течности
- Доенчиња и деца до 10 кг: Доволно е да растворите 1 таблета во 100 мл вода за пиење, почекајте да се раствори комплетно. Давајте му на доенчето/детето мали голтки во одредено време (пример на неколку минути) според препорачаното дозирање во табелата. На овој начин растворот најдобро ќе се апсорбира во организмот. Растворот може да се дава со мала лажичка или во шишенце (стерилизирано)
| Телесна тежина | 5 кг | 10 кг | 15 кг | 20 кг |
| Количина во мл | 50 мл | 100 мл | 150 мл | 200 мл |
За повеќе информации околу подготовката и дозирањето, прочитајте го внатрешното упатство.
Растворот треба да се употреби по подготовката и да не се чува надвор од фрижидер во период подолг од 8 часа. Подготвениот раствор може да се чува во фрижидер до 24 часа.
Ве молиме да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт.
Напомена: Се користи под медицински надзор. Овој производ не треба да се користи како замена за разновидна храна. Производот е нутритивно непотполна намирница и не e погодна за употреба како единствен извор на храна.
Мерки на претпазливост: Секогаш употребувајте квалитетна вода за подготовка на растворот. Не ја надминувајте препорачаната доза. Немојте да ги џвакате или голтате таблетите. Пред употреба консултирајте се со лекар ако имате бубрежно или хепатално заболување, ако сте на диета со ниско ниво на калиум или натриум. Секоја шумлива таблета содржи 1.8 г глукоза. Ова треба да се земе во предвид кај дијабетичари. Луѓе со висок крвен притисок и/или срцеви заболувања треба да имаат предвид дека О.Р.С шумливите таблети содржат натриум.
Да се чува на собна температура. Чувајте ја тубата добро затворена.
Да се чува на места недостапни за деца!