ZENTIVA Персен форте, 20 капсули

Опис на производот
Persen Forte е традиционален хербален лек од растително потекло. Содржи комбинација на сув водено етанолен екстракт од корен на валеријана и сув екстракт од листови на мелиса и нане. Традиционално е познато дека коренот на валеријана и листот на мелиса имаат смирувачко дејство, а листовите на мелиса и нане имаат ублажувачко дејство врз слабите гастроинтестинални тегоби.
Persen Forte традиционално се употребува при умерени состојби на напнатост и немир, предизвикани од стрес и за олеснување на заспивањето.
Пакување: 20 капсули
Содржина
Состав: една касула содржи: 87.5 сув водено етанолен екстракт од корен на валеријана, 17.5 мг сув екстракт од листови на мелиса и 17.5 мг сув екстракт од листови на нане.
Помошни состојки: лактоза монохидрат, течна глукоза.
Употреба:
Возрасни и адолесценти над 12 години:
- При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по две капсули два пати на ден.
- За полесно заспивање се препорачува да се зема една капсула половина час до еден час пред спиење.
Капсулите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците.
- Дејството на Persen Forte се манифестира постепено.
- За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е капсулите непрекинато да се земаат најмалку 14 дена.
- Ако состојбата не се подобри или се влоши и по 14 дена од употребата на Persen Forte, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.
- Времетраењето на лекувањето не е ограничено.
- По долготрајна употреба на Persen Forte во препорачаните дози не се јавува зависност, ниту апстиненцијални симптоми.
Предупредување:
- Пациентите со желудочно езофагусен рефлукс (ждригавица) треба да избегнуваат листови од нане бидејќи може состојбата да им се влоши (да им се зголеми ждригавицата).
- Посебна претпазливост е потребна кај пациенти кои страдаат од камен во жолчка или други нарушувања на жолчката и жолчните канали.
- Поради недостиг на податоци за безбедност и ефикасност на Persen Forte, не се препорачува негова употреба кај деца помали од 12 години.
- Persen Forte капсулите содржат лактоза монохидрат и течна глукоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој хербален лек, контактирајте го лекарот.