NOVALAC 2 Млечна формула (6-12 м), 400 г
Опис на производот
Novalac 2 е млечна формула наменета за доенчиња постари од 6 месеци. Претставува дел од разновидната исхрана која во првите 6 месеци не треба да се употребува како замена за мајчино млеко. Наменета е за надополнување на исхраната доколку доењето не е доволно. Одлуката за започнување со употреба на разновидна исхрана, вклучително и секој исклучок до 6 месечна возраст, треба да се донесе по препорака на стручни лица од областа на медицина, фармација, нутриционисти или други стручни лица задолжени да се грижат за мајката и детето, замајќи ги во предвид индивидуалните потреби за возраста и развојот на доенчето.
- Со витамини и минерали
- Со омега 3&6
Novalac 2 е дел од широката палета на производи кои се посебно прилагодени за задоволување на нутритивните потреби на доенчиња. После 12 месечна возраст препорачуваме преминување на Novalac 3 Junior, последователна млечна формула за мали деца.
Пакување: 400 г.
Содржина
Употреба:
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 2:
Возраст (месеци) |
6-12 |
Број на оброци/ден |
3* |
Број на мерици за подготвување на еден оброк |
7 |
Количина на вода (мл) |
210 |
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 гр млечна формула Novalac 2.
Една доза растворете во 30 мл вода.
* како дел од разновидната исхрана
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ.
-
Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
-
Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
-
Водата во садот оладете ја до 40°C и ставете ја во шишенцето.
-
Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.
-
Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.
-
Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37°C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.
Предупредување: Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.