МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Мој Ментор

Целта на менторството е да се поврзе поединецот кој има многу знаење и искуство со некој кој сè уште не го стекнал истото знаење или искуство.

Имајќи некој што знае повеќе од Вас да споделува совети, да нуди насоки и да биде звучна табла за вашите мисли, ќе имате корист од искуството што го надминува Вашето. Без разлика дали во Вашата кариера или живот, да имате ментор, е клучно за целиот наш континуиран раст и развој.

Насоки и чекори во спроведувањето на менторскиот процес:

Менторскиот процес е динамичен и интерактивен процес на заедничко учење кој се реализира во подолг временски период и се одвива во неколку чекори:

  • Засновање на работен однос

Кандидатот пред да го заснова работниот однос, мора да го помине првиот круг на предвиденото интервју. Кога ќе добие зелено светло, тоа значи дека кандидатот ги задоволил потребните барања и услови за вработување во нашата компанија и пристапува кон останатиот дел за потпишување на потребната документација.

  • Назначување ментор

При избор на ментор за кандидат, мора да се нагласи дека менторот треба да биде од ист профил како кандидатот кој го има истото звање (фармацевт или фармацевтски техничар). На секој кандидат му се назначува ментор во својот град за одреден временски период. Во тој период, кандидатот треба да го извлече максимумот од знаењето на менторот кој ќе му помогне во целокупната програма и подготовка за полагање стручен испит (лиценца за фармацевт или уверение за фармацевтски техничар)

startuvajte ja karierata so Zegin Kariera Mladina

  • Изготвување и одобрување на менторската програма

Тим од фармацевти и техничари ќе бидат вклучени во изготвување на менторската програма, како нивни личен придонес за успешен ефективен менторски модел. Менторската програма ќе се состои од практично знаење, од областа на фармацевтските производи, препарати и козметика.

  • Реализација на менторската програма

Менторот го воведува својот кандидат низ процесот на учење, помагање, следење, советување, стекнување вештини, едуцирање низ практика и помош во подготовка и реализација на менторската работа. Води евиденција за активностите што заедно ги постигнале со кандидатот, прави евалуација на менторската програма, проценка за постигнатите резултати (компетенции).

  • Подготовка за полагање стручен испит

Во текот на целиот менторски процес, менторот треба да се стреми, менторираното лице да биде подготвен успешно да го положи стручниот испит. 

На средина и на крајот од менторската програма, се прави задолжителна евалуација на кандидатот и менторското работење на менторот, врз основа на која се донесува одлука за понатамошен тек на менторскиот процес. За време на менторската програма ќе биде потпишан договор помеѓу компанијата/менторот и менторираното лице.