МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Моја Кариера Моја Иднина

Програмата ,,Моја Кариера Моја Иднина” е посебен дел од талент програмата ЗегИН Младина и истата има за цел унапредување на вработени кои во својот кариерен развој во компанијата Зегин се стекнале со повисока работна позиција и можност за усовршување. Акцентот на оваа програма е ставен врз лидерството како основа за градење на стабилни тимови со голем потенцијал, тимови кои ќе носат резултати и ќе влијаат на тоа Зегин да остане лидер на пазарот.

Вработените кои се дел од талент програмата покажале интерес и амбиција за напредок во компанијата, добиваат целосна поддршка и можност да посетуваат дополнителни, функционални обуки на различни теми кои ќе бидат од корист да ги подобрат нивните вештини, потребни за моменталните работни позиции на вработените, а воедно ќе имаат влијание и врз нивната ефикасност и полесно завршување на тековните работни обврски.

Се стремиме да обезбедиме најдобро место за работа на своите вработени, активно работиме на зголемување на задоволството на вработените преку унапредувања, кариерен развој, бенефити и грижа за вработените во компанијата. 

Воспоставен е и посебен бенефитен систем за подобрување на благосостојбата на вработените, како што е: соработка со компании за одредени попусти за вработените, тим билдинг настани, едукативни и практични обуки, бонусен систем за препораки – Биди и ти награден за нов член во нашата компанија.

Нашата цел е да градиме култура на заедништво, тимски да поставуваме една визија и меѓу нас да промовираме посветеност, професионалност и кариерна сигурност.

Зегин е иднината за кариерен развој на сите наши вработени.

Diplomiran-Farmacevt-Zegin-Mladina   Asistent za prodazba   Farmacevtski tehnicar Zegin kariera Mladina