Безглутенски чоколадни колачиња со чоколадни парчиња
Состојки:
- 350г безглутенска мешавина за колачиња
- 4 лажици вода
- 2 лажици масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200ºС. На плех за печење ставете хартија. Во поголем сад ставете ја безглутенската мешавина за колачиња и додадете ја водата и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете го маслото. Поделете ја смесата на 12 топчиња и наредете ги топчињата на плехот со хартија на доволно растојание. Нежно притиснете ги топчињата со дланките за да ги сплеснете. Печете 12-15 минути. Доколку сакате покрцкави колачиња печете 15-18 минути.
Чоколадни колачиња со јатки
Следете ја истата постапка за подготовка и додадете сецкани јатки врз колачињата пред да ги печете.
Чоколадни колачиња со цреши
Следете ја истата постапка за подготовка и во тестото додадете 75 грама сецкани кандирани цреши. Поделете ја смесата на 15 топчиња, нежно притиснете ги и печете ги 12-15 минути.