ALLPRESAN Маска за калуси и распукана кожа на стапалата, 1 пар

ALLPRESAN 3406 Foot special -4- foot mask calluses and cracks, 1 pair maska za raspukana koza na stopala
ALLPRESAN Маска за калуси и распукана кожа на стапалата, 1 пар
335,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055286C
favorite_border

Опис на производот

ALLPRESAN® Маска за калуси и распукана кожа на стапалата. Медицинска нега на кожа, со млечна киселина, уреа и алантоин.
Ова маска за стопала со дополнителни состојки за нега, ефикасно ги намалува калусите и ја омекнува распуканата кожа.

  • Со млечна киселина за ефикасно отстранување на калуси
  • Алантоин, уреа и екстракт од хамамелис ја негуваат и смируваат кожата на стопалата
  • Студиите потврдуваат: подобрување на хидратацијата и до 92%
  • Погодно за сите типови на кожа
  • Кожата е хидрирана
  • Резултат: забележливо помеки стопала

Пакување: 1 пар навлаки, со една големина

Содржина

Состав: вода, алкохол, млечна киселина, уреа, алантоин, сок од лист на алое вера, екстракт од хамамелис, хидролизиран натриум хијалуронат, ниацинамид, екстракт од тушт, масло од семе на рицинус, екстракт од цвет на Rosa rugosa, натриум ацетилиран хијалуронат, натриум хијалуронат, бетаин, бензил салицинат, етилхексилглицерин, хексил цинамал, хидроксиетилцелулоза, парфем, пентилен гликол, пропилен гликол, натриум хијалуронат кросполимер, натриум хидроксид. 

Употреба: 

  1. Отстранете го лакот, УВ лакот или гел-лакот на ноктите, и било каков накит доколку имате на стопалата. Измијте ги и исушете ги стопалата
  2. Извадете ја маската од пакувањето и пресечете ја на обележаното место
  3. Ставете ја маската на стопалата, затворете со лентата за лепење, за да не може да истече течноста надвор. Бидете претпазливи, доколку се движите, постои опасност од лизгање
  4. Оставете ја маската да делува 30-40 минути. Ова препорачано време не треба да се преминува. По вадењето на маската, премачкајте ги стопалата со лосион, измијте ги и потоа исушете ги

Околу 2-7 дена по употребата калусите почнуваат да паѓаат. Во меѓувреме, негувајте ги секојдневно стопалата.

Внимание: Оваа маска за стопала употребувајте ја максимум 1 во неделата, се додека не се постигне посакуваниот резултат – не користете подолго од 4 недели.

Мерки на претпазливост: Да се чува вон дофат на деца. Само за надворешна употреба. Да се избегнува контакт со очи. Во случај на иритација на кожата, престанете со употреба и консултирајте се со лекар. Доколку сте бремени или доите, пред употреба консултирајте се со лекар. Избегнувајте контакт со облека. Една недела по употребата избегнувајте директно изложување на сонце или користете крема со заштитен фактор. Еден ден по употреба не ги бричете или депилирајте нозете во тој предел. 
Производот да не се употребува: кај деца под 12 години; во случај на чувствителна, оштетена или иритирана кожа; во случај на тетоважи во тој предел на стапалото; во случај на дијабетес; доколку реагирате чувствително на некоја од состојките; ако страдате од атлетско стапало, габи на ноктите или брадавици; ако имате чувствителна реакција на киселински пилинг.

Да не се чува на температури над 25°С. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се