МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар

Политика за рекламации

Враќање/ Рекламација на производи

Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на телефон 072 310 690 или писмено преку e-mail zeginonline@zegin.com.mk

Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

-испорака на производи кои не се нарачани

-испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба

-испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот

Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент.

ЗЕГИН не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.

Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачување, заедно со приложената фискална сметка и истиот да се замени со друг соодветен производ.

ЗЕГИН има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ЗЕГИН. Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.