МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар 

Политика за достава на производи

ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ

Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ЗЕГИН на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:

- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката.

- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува во поширокото подрачје на град Скопје.

- Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.

- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.

 Има ли доплата за испораката?

  ДА. Доплатата не е фиксна и зависи од износот на самата нарачка.

1. За нарачка  до 500 денари доплатата изнесува 150 денари

2. За нарачка над 501 денар доплатата е бесплатна

Сите нарачки ќе бидат дистрибиурани во одбраниот термин, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или во сообраќајот низ градот.

За секоја нарачка примачот на пратката ќе биде контактиран максимум 3 пати во тековниот ден и доколку не е достапен (искомунициран), пратката ќе биде вратена во седиштето (местото за испорака) кадешто ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување. Доколку лицето има барање за повторна дистрибуција на истата пратка е должен истата услуга да ја плати на самиот доставувач. Цената за повторна достава е 150 денари. Во случај на враќање на производи по желба на корисникот доставата паѓа на товар на истиот.

Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.

Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

-испорака на производи кои не се нарачани

-испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба

-испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот

Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент. ЗЕГИН не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.

Враќање/ Рекламација на производи

Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на тел. 072 310 690 или писмено преку e-mail на zeginonline@zegin.com.mk

Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачката, заедно со приложената фискална.

ЗЕГИН има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата ЗЕГИН.

Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.