МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
ЗегИН Младина

ЗегИН Младина претставува еден сосема поразличен и уникатен систем за вработување на кандидати, нов начин за стекнување на искуство и знаење, унапредување на вештините на кандидатите со или без работно искуство.

Уникатноста на платформата ЗегИН Младина се одликува со учење и воведување во работата од страна на успешен и професионален тим, стекнување со дополнителни знаења, надоградување на вештините преку најразлични обуки и тренинзи, забавно учење на работниот материјал преку игра наречена гемификација и наградување на најдобрите.

Сите наши кандидати за вработување добиваат еднаква шанса и можност да бидат дел од фармацевтската индустрија, даваме можност да го разберат фармацевтскиот пазар подобро и да се запознаат со нашите стандарди за работа. Нашиот главен фокус се нашите потрошувачи, сите вработени ја добиваат најблагодарната улога во заедницата – одговорно да влијаат врз подобрување на здравјето на сите потрошувачи.

Video file

Платформата ЗегИН Младина ги нуди следните поволности за новите вработени:

  • Гемификација (Учење преку игра) – уникатна можност кандидатите за вработување и ново вработените да го проверат своето досегашно стекнато знаење од областа на фармацијата, да научат повеќе за фармацевтската индустрија, да се стекнат со нови знаења од областа на фармацијата како и побрзо да се воведат во работниот ангажман.
  • Менторска програма „Мој Ментор” – секојдневна поддршка и комуникација со професионалци кои се посветени на успехот и кои несебично го споделуваат своето знаење преку обуки на новите вработени. Со цел добивање на насоки во новото кариерно патување, новите вработени ќе добиваат и повратни информации за нивниот развој од својот доделен ментор.
  • Тренинг центар – сертифицирани академии и обуки кои се спроведуваат од страна на искусни обучувачи и наши долгогодишни вработени, професионалнци во својата работа, можност новите вработени да се запознаат со последните трендови и промени во фармацијата. 

Биди АМБАСАДОР за здравјe

Постави СТАНДАРД во фармацијата

Биди дел од РАЗВОЈ  во професијата и

Учествувај во ПРОМОЦИЈА на улогата и одговорноста пред заедницата

Биди ИН со ИНОВАЦИЈА во ЗегИН!

--- Разгледајте ги нашите отворени работни позиции