ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ЗЕГИН на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката.
- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија.
- Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
Има ли доплата за испораката?
1. За нарачка до 1499 денари доплатата изнесува 150 денари.
2. За нарачка над 1500 денари доставата е бесплатна
Сите нарачки ќе бидат дистрибиурани во одбраниот термин, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или во сообраќајот.
За секоја нарачка примачот на пратката ќе биде контактиран во терминот за достава кој го одбрал, но ако не е достапен (искомунициран), пратката ќе биде вратена во седиштето (местото за испорака) кадешто ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување. Доколку лицето има барање за повторна дистрибуција на истата пратка, должен е истата услуга да ја плати на самиот доставувач. Цената за повторна достава е 150 денари. Во случај на враќање на производи по желба на корисникот доставата паѓа на товар на истиот.
Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.
Секој купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања при транспорт, дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. ЗЕГИН не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
-испорака на производи кои не се нарачани
-испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба
-испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот
Враќање/ Рекламација на производи
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација писмено преку e-mail на zeginonline@zegin.com.mk.
Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачување, заедно со приложената фискална сметка и истиот да се замени со друг соодветен производ., со исклучок на стоката која е лесно расиплива.
ЗЕГИН има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ЗЕГИН.
Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.
Општи услови за користење / Kushtet e përgjithshme të përdorimit