ALKALOID Gloss Влажни марамчиња за подни површини, 20 парчиња
Опис на производот
Gloss влажните марамчиња за подни површини овозможуваат брз и едноставен начин на одржување хигиена на подови изработени од керамика, порцелан, ламинат, дрво и други цврсти подни површини. Ефикасни се при отстранување на нечистотии и масни наслаги, и оставаат висок сјај на исчистената површина. Имаат докажано антибактериско дејство кое уништува 99.9% од бактериите. Тие се погодни за прицврстување на соодветен бришач за подови (џогер), иако марамчињата можат да се користат и за рачно бришење на подовите. По нивно користење, не е потребно дополнително плакнење со чиста вода ниту пребришување со сува крпа.
Пакување: 20 парчиња.
Содржина
Начин на употреба:
Марамчето, со структурираната површина надолу, прицврстете го на соодветниот бришач за подови и пребришете ја површината. За многу валкани површини употребете уште едно марамче. Не е потребно дополнително плакнење со чиста вода ниту пребришување со сува крпа. Марамчињата се погодни и за рачно бришење подови. По секоја употреба цврсто затворајте го пакувањето за да се задржи влажноста.
Внимание:
Избегнувајте контакт со очите. Во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги со големо количество вода. По секоја употреба рацете да се измијат со чиста вода. Да се чува вон дофат на деца. Да се чува на собна температура, подалеку од директна сончева светлина. Не ги користете со други средства за чистење. Не го фрлајте употребеното марамче во WC-школката, туку само во корпа за отпадоци. Не ги користете влажните марамчиња на полирани, нетретирани и на незаштитени дрвени површини. Да не се користат за лична хигиена. Пред употреба на голема површина, тестирајте го марамчето на помала скриена површина за да се избегнат евентуални несакани ефекти поради различниот квалитет на подните површини.