Егзотична салата
Потребни состојки (за 4 лица):
- 200 г тофу
- 2 кафени лажички ѓумбир во прав
- 150 г крем за готвење
- Тамари сос
- 2 зелени лимони
- 2 манго
- 2 авокада
- 300 г ајсберг марула
- Грст аронија
- Маслиново масло и сол
Подготовка:
Пресечете го тофуто на коцки и маринирајте го 4/5 часа во ѓумбир, тамари сос и 2 супени лажици маслиново масло. Потоа пропржете го додека не стане благо крцкаво. Пресечете ги мангото и авокадото на коцки, додадете ги зелениот лимон и солта. Марулата поставете ја на дното на чиниите. Врз неа ставете ги мангото, авокадото и тофуто. Кремот за готвење зачинете го со една лажица зелен лимон, малку сол и малку рендана кора од лимон и прелијте ја салатата. Финиширајте со маслиново масло и зрна аронија.