МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар

Историја

Зегин ДОО е прва приватна компаниjа регистрирана за продажба на лекови во Република Северна Македонија.  

На иницијатива на господин Благој Механџиски, компанијата е основана во 1989 год.

ЗЕГИН започна со само еден вработен. Денес, бројот на вработени е над 1000.

Во своите 32 години работа, ЗЕГИН ДОО постојано покажува одлични резултати и има континуиран развој. Денес таа е една од најуспешните компании во Република Северна Македонија и покрива 60% од фармацевтскиот пазар. Како резултат на својата успешна работа, во 2004 година ЗЕГИН ДОО го спроведува стандардот ISO 9001:2000.

Успехот на компанијата се должи на доброто управување, стратегијата за развој врз основа на најсовремени светски достигнувања во оваа област, како и користењето на најмодерните компјутерски системи и соодветни компјутерски програми кои ги покриваат сите работни активности.

СЛОГАНИ НА ЗЕГИН

Слоганите на Зегин имаат долга традиција и преставуваат знак на препознавање и меѓусебна доверба меѓу компанијата и коминтентите. 

Слоганите на прв поглед и наједноставно даваат реална претстава на широчината на компанијата и хуманоста на дејноста на ЗЕГИН - ВАШАТА СЕМЕЈНА АПТЕКА.

ЗЕГИН - АПТЕКАРСКИ БИСЕР НА МАКЕДОНИЈА

ЕДНАШ СО ЗЕГИНОВ ЛЕК - ПРИЈАТЕЛИ ЗА НА ВЕК

ЗЕГИН - ХРАМ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

ЗЕГИН - ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ - ПОВЕЌЕ ЗАДОВОЛСТВО

ЗЕГИН - 32 ГОДИНИ СО ВАС И ЗА ВАС

ЗЕГИН - ЕВРОБАЛКАНСКИ ЛИДЕР ВО ПРОМОЦИЈА НА НОВИ МОЛЕКУЛИ

ЗЕГИН е дел од Вашето семејство кога е најпотребно - за здравје!

ЗЕГИН - ВАША СЕМЕЈНА АПТЕКА

СЕРТИФИКАТИ И ПРИЗНАНИЈА

БР. 1 ПО КВАЛИТЕТ

  • Зегин освои најмногу гласови од учесниците од првото истражување на QUDAL-QUality meDAL во Македонија за 2014/2015 год. 
  • Истражувањето на QUADAL-QUality meDAL за Македонија се изврши во Март 2014 год, преку интернет прашалник, од страна на Швајцарската организација ICERTIAS -Мегународно здружение за сертификација (ICERTIAS-International Certification Association GmbH - www.icertias.com) со користење на примерок составен од 1200 испитаници.
  • Признание за најпознат бренд на Југоисточна Европа
  • Супер бренд во Македонија 2009 год
  • Најменаџер на Југоисточна и Средна Европа
  • Регионален бизнис партнер 2009 год
  • Месец на трговија 2005 год