GOOD NATURE Овошен јагода со ванила филтер чај, 20 кесички
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2021-09/GOOD%20NATURE%20%C4%8CAJ%20JAGODA%20SO%20VANILA.jpg?h=fbf7a813&itok=-LZ7YsEP)
Опис на производот
Мешавина на одбрани билки – шипка, хибискус, плод од јаболко, портокал - ароматизирана со природни ароми на јагода и ванила. Уште во првиот момент кога ќе го приготвите чајот, ќе ве опкружи интензивен мирис на популарното дуо јагода и ванила. Во мирисот се препознаваат и ноти на агруми, од присутниот портокал во мешавината. Чајот е наменет за миговите на уживање и особено го препорачуваме во летните денови, свежо приготвен, врз коцки мраз и со додаток на неколку капки рум.
Чајот има сладок вкус, по малку киселкав и освежителен, но со незаборавно пријатен мирис на свежо набрани јаготки. Уживајте во незаборавната напивка и вкусете го овошниот чај од јагода со ванила од Good Nature.
Нето-тежина: 20 х 2 г.