Рижото со куркума и лимон
Состојки:
- 1 шолја органски ориз Каролина
- 1 лажица органска куркума во прав
- 4 лажици органско ладно цедено маслиново масло
- 1 главица кромид
- Сок и кора од половина лимон
- 200 гр печурки по избор
- Зачини по вкус
Подготовка
Најпрво сварете го оризот. Пред крајот додадете куркума, сол, бибер и зачините по жeлба.
Кога ќе се свари, тргнете го оризот од оган.
Исечканиот кромид запржете го на масло. Потоа додадете ги исечканите печурки и пржете некое време. Потоа соединете го оризот со испржените печурки, додадете го сокот од лимон заедно со ренданата кора. Промешајте и сервирајте!