Снип, 10 таблети
Опис на производот
Снип таблетите се наменети за респираторни алергии или градна кашлица пропратена со температура.
Пакување: 10 таблети
Содржина
Состав: 1 таблета содржи 325 мг ацетаминофен / парацетамол, 15 мг псеудоефедрин хидрохлорид и 1 мг хлорфенамин малеат.
Парацетамолот припаѓа на групата лекови со аналгетска (против болка) и антипиретска (намалување на температурата) активност.
Псеудоефедринот е деконгестив кој помага полесно да дишете.
Хлорфенаминот е антихистаминик кој се употребува за олеснување на респираторните алергии.
Помошни супстанции: микрокристална целулоза, кроскармелоза содиум, целулоза во прашок и магнезиум стеарат.
Дозирање:
- Возрасни: препорачана доза е 1 до 2 таблети секои 4 до 6 часа, по потреба може да се земат најмногу 12 таблети на ден
- Адолесценти (над 12 години): препорачана доза е 1 до 2 таблети секои 6 часа, по потреба може да се земат најмногу 8 таблети на ден
- Деца (од 6 до 11 години): препорачана доза е 1 таблета секои 4 до 6 часа, по потреба може да се земат најмногу 6 таблети на ден
- За деца помеѓу 6 и 8 години максимална препорачана доза е 5 таблети на ден
- Деца (под 6 години): не се препорачува