ALKALOID Цитикол, 30 вијали по 10 мл
Опис на производот
Цитикол вијалите се додаток во исхраната којшто содржи цитиколин во форма на перорален раствор којшто може да биде корисен за создавање нутритивен баланс на оваа хранлива супстанција, во случај кога таа недоволно се внесува преку исхраната или во услови на физиолошко зголемување на дневните потреби.
Квалитетот на видот најмногу зависи од правилното дејствување на нервните клеточни структури поврзани со визуелната функција. Поради тоа, особено е важно организмот да има невропротективен систем којшто ќе ги одржува физиолошките нивоа на мембранските фосфолипиди за да се обезбеди интегритетот на мембраната на нервната клетка.
Цитиколинот претставува молекула којашто е присутна во организмот. Исто така, претставува прекурзор на фосфолипидите коишто се содржат во клеточната мембрана, вклучувајќи ја и клеточната мембрана на оптичкиот нерв.
Нервните клетки го искористуваат цитиколинот за синтеза на ацетилхолин којшто е корисен за спроведување на визуелните сигнали. Цитиколинот којшто се содржи во Цитикол вијалите претставува извор на холин, прекурзор на ацетилхолинот. Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеинот, којшто може да биде засегнат во случај на некои офталмолошки невродегенеративни болести.
Пакување: 30 вијали по 10 мл.
Содржина
Состав: една Цитикол вијала од 10 мл содржи 500 мг цитиколин во облик на натриумова сол.
Употреба: една вијала дневно, се препорачува да се зема наутро.