BECUTAN Пенливо средство за деца со екстракт од овес и Д-пантенол, 200 мл
![](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2020-11/BECUTAN%201170%20kupka%20so%20oves%20200%20ml%20%28KALK%29.jpg?h=fbf7a813&itok=yIgLgr0x)
Опис на производот
Becutan пенливото средство за капење со екстракт од овес претставува исклучително блага формулација наменета за секојдневна хигиена и нега на кожата уште од првиот ден од раѓањето.
Поради клучната заштитна улога која кожата ја има над целиот организам, новото Becutаn пенливо средство во својот состав ја вклучува и природната состојка на заштитната обвивка со која новороденчињата доаѓаат на свет, Glyceryl oleat. Екосертифицираниот екстракт од овес има изразено смирувачко дејство, Д-пантенолот, ја регулира влажноста на кожата и влијае на подобрувањето на нејзината заштитна функција, правејќи ја мека и еластична.
Пакување: 200 мл.
Содржина
- Не содржи сапун
- Не содржи алкохол
- Не содржи бои
- Не содржи парабени
- Има приспособена pH вредност
- Содржи glyceryl oleat – природна состојка која придонесува за одржување на заштитната функција на бебешката кожа
- Се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации