NOW Л-Триптофан 500 мг, 60 капсули

NOW Л-Триптофан 500 мг, 60 капсули
1.769,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
045062C
favorite_border

Опис на производот

Што е Л-триптофан?

Една од 8-те есенцијални аминокиселини која организмот не може да ја синтетизира поради што мора да се внесе преку храната или преку суплементација. Во метаболизмот учествува како градивен дел на протеините, но и како важен аминокиселински прекурсор на серотонин и мелатонин, важни неуротрансмитери.

После ресорпцијата, Л-триптофан во телото се конвертира во 5-ХТП (5-хидрокситриптофан), а потоа во серотонин, мелатонин и витамин Б-6 (никотинамид).
Серотонинот и мелатонинот се важни неуротрансмитери (преносители на информациите меѓу нервните клетки) кои играат важна улога во нормализација на сонот, расположението, контрола на болка, цревна перисталтика и многу други функции во организмот.

Зголемено ниво на серотонин во организмот ја намалува потребата за јаглехидрати поради што триптофанот е одличен во борба против дебелина.

  • Поддржува релаксација
  • Поддржува позитивно расположение
  • Поддржува мирно спиење

Внимание:
Не смее  да се зема заедно со антидепресиви (MAOI, SSRI), клоназепам, лоразепам, фенобарбитол, декстрометорфан, меперидин, трамадол…. бидејќи може да доведе до Серотонински синдром.
Овој синдром настанува кога постои вишок на серотонин во мозокот.

Симптомите вклучуваат прекумерно потење, иритација, грозница, нагли промени во крвниот притисок, збунетост, агитација или манија.

Пакување: 60 капсули

Содржина

Состав: во две капсули:

Л-триптофан (слободна форма) 1000 мг

Други додатоци: целулоза (капсула), целулоза прав и стеаринска киселина (од растителен извор).

Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки.

Употреба: земете 1-2 капсули 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што ви е препорачано од доктор.

Предупредување: само за возрасни. 
Консултирајте доктор доколку сте бремена или доилка, земате лекови (особено антидепресиви) или имате некаква медицинска состојба.
Може да предизвика поспаност.
Не го користете со алкохолни пијалоци или додека управувате тешки машини.

Да се чува подалеку од дофат на деца.
 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се