VITALIA Зелена глина за внатрешна употреба, 200 г

VITALIA Зелена глина за внатрешна употреба, 200 г
191,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
011926C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Зелената глина во прав за орална употреба е високо квалитетен производ кој се препорачува за подготвување на глинена вода. Секојдневното консумирање ќе го освежи и прочисти Вашиот организам.

Во природата постојат различни типови на глина, со различни бои. Глината Виталиа се ископува на Сицилија во подрачје кое е чисто, ветровито и сончано скоро во текот на целата година. Благодарејќи на големата количина апсорбирана сончева светлина и топлина, оваа глина станува мошне делотворна, посебно бидејќи потекнува од морските подрачја. Богата е со елементите присутни во водата на морето, со себе го носи ритамот на сонцето и брановите на месечината на плимата и осеката.

Благодарејќи на големата енергетска моќ и високата концентрација на калциум, магнезиум, железо, алуминиум и олиго – елементи, зелената глина на Виталиа помага во лечењето на голем спектар заболувања и тоа: акни, мозолки, рани, исекотини, воспаление на внатрешните органи, болки во стомакот и цревата, сифилис, опаѓање на косата, артериосклероза, стареење, брчки, анемија, астенија, заболување на дишните патишта, циститис, болни менструации, коли - бацилоза, колитис, цревни паразити и др.

Карактеристики на глината Виталиа:

  • Глината Виталиа има бактерицидно дејство. Таа помага во зараснувањето на раните и брзото регенерирање на ткивата, како и во лечењето на мозолките, акните, крастите, апцесите, изгореници, чиревите.
  • Глината Виталиа го дренира и чисти организмот. Површината на најмалиот дел на глината е како сунѓер. Од тука произлегува нејзината огромна апсорбирачка моќ. Глината ја впива нечистотијата која се наоѓа во ткивото на крвта и лимфата, а потоа ја одстранува. Таа ги неутрализира бактериите и отровите кои токсично делуваат на организмот. Со пиење на глинената вода се овозможува целосно прочистување на организмот.
  • Глината Виталиа има силно антитоксичко дејство и го зајакнува природниот имунитет. За лечење на болестите на внатрешните органи, глината Виталиа е мошне ефикасен противотров. Глината Виталиа е одличен антирид (средство против брчки) и лек за зараснување на раните, исекотините, мозолчињата. Благодарејќи на глината после зараснувањето на раната не останува лузна.
  • Глината Виталиа дезинфицира и дезодорира (го одстранува мирисот). Глината може да ја прочисти водата за пиење (се ставаат неколку лажички зелена глина на 1 л вода), давајќи и пријатен вкус. Зелената глина делува како дезодоранс. Таа ослободува атмосфера од најразлични мириси поради што е одлично средство за одстранување на непријатните миризби од просториите.
    Со посебен процес на одбирање, селектирање и изложување на сонце и ветар добиени се повеќе типови на зелена глина кои се разликуваат по јачината на своето делување.

Нето-тежина: 200 г

Содржина

Состав: зелена глина во прав.

Употреба: ставете една лажичка зелена глина во прав во една чаша (300 мл) вода, помешајте (со дрвена лажичка), по пет минути испијте ја течноста без талогот. Пијте секое утро на празен стомак.

Траење на третманот: првата доза со глина треба да трае 3 недели. Потоа паузирајте една недела и почнете со следната доза. Ваквите третмани со глинена вода можете да ги применувате секој месец или при промена на годишните времиња.

Напомена: за подготвување на напитокот да се користи неметален прибор. Најдобри резултати се постигнуваат со примена на природна минерална вода.

Ако сакате лечењето со глина да биде поефикасно, истовремено ставајте катаплазми и пијте глинена вода. Но не заборавајте истовремено да се храните здраво (повеќе овошје, зеленчук и житарици, помалку маснотии) и помеѓу оброците поголема количина течности (природни сокови, чаеви).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се