WAYA Д3 капки, 10 мл

Опис на производот
За соодветен дневен внес на витамин Д3 кој е клучен за нормален раст и развој на коските, како и за функцијата на имунолошкиот систем.
Ова се единствени капки кои содржат пробиотик Lactobacillus rhamnosus GG и витамин Д3 во маслена суспензија, со што веројатноста за појава на колики кај новороденчињата и доенчињата е минимална.
-
Кај доенчињата и децата е зголемен ризикот од недостаток на витамин Д
-
За здрави заби и коски на вашите малечки
-
За нормална работа на имунолошкиот систем
-
За регулирана дигестија и олеснување на дигестивните нарушувања (дијареа, грчеви, гасови...), бидејќи капките содржат пробиотик.
-
7 капки содржат потребен дневен внес на витамин Д според препораките на педијатрите (400 ИЕ)
-
Не причинуваат грчеви кај доенчињата, бидејќи се единствени кои во својот состав го содржат најистражуваниот пробиотски сој Lactobacillus rhamnosus GG и витамин Д3 во маслена суспензија
-
Витаминот Д3 во WAYA® капките е во маслена суспензија и не се потребни додатоци (антиоксиданси, стабилизатори, конзерварнси) кои можат да предизвикаат подуеност и грчеви
-
7 капки содржат најмалку 1,4 милијарди клетки од микроинкапсулираниот пробиотски сој Lactobacillus rhamnosus GG
-
Редовна контрола и квалитет
-
Соодветни за новороденчиња, доенчиња и деца
Пакување: 10 мл
Содржина
Состав:
Lactobacillus rhamnosus GG (ATCC 53103), витамин Д3 и пченкарно масло.
Седум капки содржат најмалку 1,4 × 109 колониски единици на микроинкапсулиран пробиотски сој Lactobacillus rhamnosus GG и 400 ИЕ (10 мкг) витамин Д3.
Употреба:
-
Новороденчиња, доенчиња и деца до 2 години: по 7 капки на ден.
-
Деца над две години: 10 капки на ден.
-
Производот има природен талог, затоа пред секоја употреба добро протресете го шишенцето. По протресувањето, производот станува природно - заматен. Производот е без мирис и без вкус.
-
Капките WAYA® Д3 употребувајте ги најмалку две седмици.
-
Адекватни се за долготрајна примена.
-
Најдобро e капките поединечно дa се земаат со лажичка.