МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Здравата уста е здраво тело

Секоја година на 20 Март светот се обединува за подигнување на свесноста за важноста на оралното здравје. Оралните болести ги погодуваат не само поединците, туку и здравствените системи и економии насекаде во светот. Целта на Светскиот ден на оралното здравје е да ги наоружа луѓето со знаење, алатки и доверба за добро орално здравје.

Оралните болести се главна здравствена грижа во многу земји и имаат негативно влијание врз квалитетот на живот. Оралните болести водат кон болка и непријатност, социјална изолација, намалена самодоверба и останати сериозни здравствени проблеми. Но нема потреба за грижа - најголемиот дел од оралните состојби можат да се превенираат и да се третираат во рана фаза.

Frezyderm Sensi Teeth Kids Toothpaste 1000 and 1450 ppm

Правилната орална нега е есенцијална за здрави заби и непца, а таа вклучува секојдневно четкање на забите и редовни посети на стоматолог. Само на тој начин ќе имате здрава и убава насмевка и добро орално здравје. Еве неколку совети за правилна орална нега уште од најмала возраст:

1. Започнете рано и бидете конзистентни:

  • За бебиња - исчистете ги непцата со мека, влажна крпа по секое хранење за да ги отстраните остатоците од храна
  • Откако ќе се појави првото запче започнете со четкање на запчињата со детска четка за заби и соодветна паста за заби
  • За деца и возрасни - четкајте ги забите најмалку два пати дневно со соодветна паста за заби.

Воспоставената рутина уште од најрана возраст ја прави оралната нега навика

2. Користете соодветна техника

  • За бебиња - користете нежни, кружни движења за да ги исчистите непцата и запчињата
  • За деца и возрасни - користете соодветни пасти за заби
  • Научете ги децата правилно да ги четкаат забите за да не дојде до оштетување  на непцата  или глеѓта

Frezyderm Whitening Blue Toothpaste

3. Ограничете го внесот на шеќер

  • Минимизирајте ги слатките задоволства и засладените пијалаци, бидејќи тие придонесуваат за развој на кариес
  • Наместо засладени пијалоци, консумирајте вода
  • За бебиња - избегнувајте да заспиваат со шише кое содржи било што освен вода

4. Редовно посетувајте стоматолог

Посетата на стоматолог треба да биде редовна и тоа се однесува на целото семејство.

Frezyderm Sensi Teeth Kids Toothpaste 1000 ppm

5. Применувајте здрави навики и избегнувајте ги лошите

  • Применувајте здрави навики како консумирање на вода, балансирана и здрава храна богата со свежо овошје и зеленчук
  • Одбегнувајте навики како цицање на прст или долга употреба на цуцла, бидејќи тие можат да влиајат врз развојот на оралното здравје
  • Внимавајте на лошите навики како грицкање на нокти или отворање на разни пакувања со помош на забите, бидејќи на тој начин можете да ги оштетите забите и непцата

Секое чувство на непријатност во оралната сфера може да биде ублажено со соодветни производи како што се геловите за орална нега.

Запомнете, одржувањето на добра орална хигиена е клучот за добро здравје и благосостојба во секоја фаза од животот. Создавањето навики од најрана возраст може да помогне да се спречат стоматолошките проблеми, а со тоа да ги задржите здравите и блескави насмевки што е можно подолго.

Oralna higiena 20 mart