AURON Апарат за мерење крвен притисок, зглобен, BP885W
![Auron Automatic Wrist Blood Pressure Monitor BP885W aparat za merenje krven pritisok, zgloben, za racen zglob](/sites/default/files/styles/4_columns_1_1/public/2023-07/Auron-Automatic-Wrist-Blood-Pressure-Monitor-BP885W.jpg?h=fbf7a813&itok=x7I3zThU)
Опис на производот
Auron BP885W е комплетно автоматски, дигитален апарат за мерење на крвниот притисок кој се поставува на рачниот зглоб. Овозможува брзо и прецизно мерење на систолниот и дијастолниот крвен притисок како и на фреквенцијата на пулсот.
Уредот нуди многу висока и клинички тестирана точност на мерењето и е дизајниран да обезбеди максимална удобност за корисникот. Наменет е за самостојна употреба во домашни услови.
AURON BP885W има специјален индикатор за детектирање на позицијата кој не го започнува мерењето доколку апаратот е неправилно поставен, отстранувајќи го ризикот од погрешни резултати при мерењето.
- Модел за на зглоб
- Приказ на крвниот притисок и пулсот
- Индикатор за детектирање на позицијата
- СЗО индикатор за класификација
- Детектор на неправилен срцев ритам
- Меморија: 120 мерења x 2 корисника
- Манжетна 13.5 до 21.5 см
- 5 години гаранција