МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Практикантска работа

Зегин Младина е проект, кој има за цел да им помогне на младите во процесот при изборот на квалитетна практична програма, како и идно вработување во компанијата Зегин. За таа цел објавуваме јавен повик за пријава за учество во практикантската програма на Зегин Младина.

Цели на проектот

  • Ги повикуваме учениците од средните училишта, студентите и веќе дипломираните млади и им овозможуваме можност за професионално запознавање со фармацевтската индустрија преку практични примери, тренинзи и активно вклучување во работните обврски кои компанијата Зегин секојдневно ги нуди на своите потрошувачи.
  • Нашата цел е да застанеме позади младите, да изградиме квалитетен кадар кој постојано ќе се развива и ќе ја продолжи традицијата на Зегин и понатаму да одговара пред потрошувачите како општествено одговорна компанија која несебично се посветува, грижи и помага. 

Услови за учество, времетраење и надоместок 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за учество на програмата:

  • Завршено средно/високо образование
  • Интерес во областа на фармацевтската индустрија
  • Препорачливо е основно познавање на англиски јазик
  • Совесно извршување на доделените задачи
  • Да се во можност да ја посетуваат редовно практичната програма во времетраење од 1-3 месеци.

Од секој кандидат се очекува истрајност, посветена работа, желба за напредок и развој во кариерните цели.

Zegin Mladina

Обуки во рамки на Програмата за практикантска работа:

  • Ментор кој ќе биде со вас низ целиот процес
  • Менторски програми за брзо извршување на работните задачи
  • Практични совети и вовед во фармацевтската индустрија и пазарот на труд
  • Дополнителен развој на веќе стекнатите вештини и знаења
  • Учење преку платформа за гемификација
  • Зголемување на бројот на квалитетни млади кадри; 

Целта на оваа програма е да им понуди на младите континуирана едукација, како и подобрување на капацитетите за стекнување на професионална етика и успешно решение на потенцијалните препреки кои можат да се појават во кариерниот тек. 

Можете да бидете дел од програмата доколку сте:

  • Дипломиран Фармацевт со/без искуство
  • Магистер по фармација, со/без искуство
  • Фармацевтски техничар, со/без уверение и искуство
  • Асистент за продажба во аптеки, со/без искуство

Бенефити од практикантската програма:

  • Солидни месечни примања
  • Бонуси покрај редовните примања
  • Можност за професионално напредување и стимулативни награди
  • Програма за практични совети
  • Учество на многубројни настани значајни за фармацијата
  • Програма за кариерен развој
  • За најдобрите – награда патување

Начин на апликација и селекција 

Компанијата Зегин, ги повикува сите заинтересирани млади (со средно/високо образование) да го испратат своето CV/резиме, на нашата мејл адреса: kariera@zegin.com.mk
Нашиот тим ќе Ве спроведе низ целиот процес и ќе Ви ги даде сите информации потребни за практикантската програма. 

ЗегИН Младина ве очекува!