VEET Men Крем за отстранување на влакна за употреба под туш, 150 мл

Veet Men Hair Removal Cream for Use in the Shower, Ideal for Sensitive Skin 150ml krem za otstranuvanje vlakna za mazi pod tus tusiranje
VEET Men Крем за отстранување на влакна за употреба под туш, 150 мл
330,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054851C
favorite_border

Опис на производот

Veet Men Кремот за отстранување на влакна за мажи е идеален за отстранување на влакна на телото на мажите, за употреба под туш. Уживајте во мазна кожа со кремот за отстранување на влакна Veet Men.

  • Погоден за чувствителна кожа
  • Идеален за употреба под туш
  • Идеален за раце, нозе, пазуви

Пакување: крем 50 мл + сунѓерче.

Содржина

Внимателно прочитајте ги и следете ги мерките на претпазливост и упатствата пред употреба.

Пред да се туширате, користете ја меката, обоена страна на сунѓерчето за рамномерно да го нанесете кремот на сува кожа. Не го тријте. Погрижете се влакната што сакате да ги отстраните, да бидат целосно покриени. Не заборавајте да го измиете кремот од рацете. Почекајте најмалку 2 минути пред да влезете под туш.  Продолжете со вашата нормална рутина на туширање. Во првите 3 минути обидете се да избегнете ставање на регијата покриена со кремот, директно под мла вода, за да остане доволно долго за да делува. Вообичаено е дел од кремот постепено да се измиe во оваа фаза. Кога кремот е на вашата кожа вкупно 5 минути, користете ја белата страна на сунѓерчето за нежно да отстраните мала тест област од кремот.

Ако влакната лесно излегуваат, масирајте со сунѓерчето со кружни движења за да го отстраните остатокот. Ако влакната се поцврсти, можете да ја оставите кремата да делува вкупно 10 минути, но не повеќе. За почувствителни области користете ја меката, обоена страна на сунѓерчето за да го остраните кремот.

Исплакнете ја кожата темелно со вода за целосно да се отстрани кремот, а потоа нежно исушете ја. Исплакнете го сунѓерчето и чувајте ја тубата затворена кога не ја користите, за да бидете сигурни дека кремот ќе остане ефективен.

Пред првата употреба направете проба на мала површина што сакате да ја депилирате. Било кое чувство на чешање или горење, значи дека вашата кожа е чувствителна, веднаш исплакнете со ладна вода. 

Во случај на контакт со очи, веднаш исплакнете со многу вода и побарајте лекарска помош.

Да се чува вон дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се