BAYER Рупурут 500 мг, 20 таблети за џвакање

BAYER Рупурут 500 мг, 20 таблети за џвакање
169,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
006774C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Рупурут припаѓа на групата антациди. Тоа се средства за впивање на прекумерната желудочна киселина.

Тие се користат за симптоматско лекување на тегоби, кои бараат неутрализација на желудочната киселина кај:

  • Чиреви на желудникот и дванаесетпалачното црево (ulcus ventricu li и ulcus duodeni)
  • Киселини (горушица) и тегоби поврзани со желудочната киселина

Пакување: 20 таблети за џвакање

Содржина

Состав: hydrotalcitum

Употреба: Секогаш користете го Рупурут точно како што пишува во упатството. Ако не сте сигурни, треба да проверите кај својот доктор или фармацевт.

Освен ако не е препишано поинаку од Вашиот лекар, возрасни и адолесценти постари од 12 години треба по потреба да користат 1-2 таблети за џвакање (одговара на 500 - 1000 мг хидроталцит) неколку пати дневно помеѓу оброци и пред спиење.

Дневната доза не треба да надмине 12 таблети за џвакање, а тоа одговара на 6000 мг хидроталцит. Други лекови треба секогаш да се земаат 1-2 часа пред или после земањето на Рупурут.

Бременост и доење

Како и со другите лекови треба да побарате совет ако сте бремена или доите. Иако фармакокинетските студии покажале дека вредностите на алиминиум во плазмата останале во нормалните граници, Рупурут треба да го употребувате само кратко време за време на бременоста,за да се сведе на минимум потенцијалното изложување на алуминиум на нероденото дете.

Општо  земено, супстанците што содржат алуминиум се излачуваат во мајчиното млеко. Нема расположливи податоци за излачувањето на Рупурут во мајчиното  млеко, сепак, поради ниската цревна ресорпција кај мајката и детето, не мора да се очекуваат ризици по здравјето на новороденчето.

Траењето на лекувањето зависи од видот, тежината и текот на нарушувањето.

Ако симптомите опстојуваат повеќе од 2 недели од лекувањето, посоветувајте се со лекар.

Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се