BECUTAN Шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол, 200 мл
Опис на производот
Благата формулација на новиот Becutan шампон со екстракт од овес и Д-пантенол, претставува вистински одговор на долго поставуваното прашање околку секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти, темелно ја чисти косата и скалпот, додека истовремено ја негува и заштитува кожата на главата.
Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Д-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и својството за регулација на влажноста на косата и кожата. Борбата со сувоста и оштетувањето на скалпот, како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите кои Becutan со децении ги применува, сега добива додадена вредност. Покрај тоа, Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол ќе стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи и дополнителна мекост и природен сјај. Не содржи парабени.
Пакување: 200 мл.
Содржина
Зошто екстракт од овес?
Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти кои се вбројуваат во групи на соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено анти-иритирачко дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.
- Не содржи сапун
- Не содржи алкохол
- Не содржи парабени
- Дерматолошки тестиран
- Со екстракт од овес и Д-пантенол
- Има приспособена pH вредност