BLACK UP Suntan Крем за сончање со СПФ 30, 100 мл

BLACK UP Suntan Крем за сончање со СПФ 30, 100 мл
263,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
008582C
favorite_border

Опис на производот

Содржи комбинација на УВА и УВБ филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА и на УВБ зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Пакување: 100 мл

Содржина

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

  • Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
  • Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.
  • Дерматолошки тестиран.
  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се