DR. BACHEFF Пробеби анги супер спреј 20 мл

DR. BACHEFF Пробеби анги супер спреј 20 мл
363,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030970C
favorite_border

Опис на производот

Пробеби анги супер спреј е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др. Носители на фармакодинамското дејство на Пробеби анги се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии: 20 соеви staphylococcus (вклучувајќи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin), 10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc. tuberculosis, brucellosis.

Двојно е поефикасен при инфекции предизвикани од грам+ бактерии. Антисептичкиот и противоспалителниот ефект на Пробеби анги се должи на дејството на жалфијата, анисот и другите етерични масла. Флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект.

Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза.

Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simplex вирусот, А2 вирусот на грип. Антимикотичното дејство на Пробеби анги е насочено и кон сите соеви на Candida albicans.

Пробеби анги активно учествува во имунолошкиот одговор.

Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот во серумот, го активира алтернативниот пат на комплементот со што ја зголемува фагоцитната активност на серумот и ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла (жалфија, нане, феникули и др.) имаат антисептичен и противвоспалителен ефект, ги намалуваат грчевите и напнатоста во стомакот на доенчето/детето, ги регулираат гасовите, ја намалуваат болката при голтање, а со тоа го олеснуваат хранењето. Етеричните масла (нане, еукалиптус и ментол) го олеснуваат дишењето.

Придобивки:

  • има пријатен вкус и доенчињата/децата лесно го поднесуваат;
  • лесно го отстранува непријатниот мирис од устата;
  • не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистентност на бактериите.
  • ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на Candida albicans што наметнува потреба од нивна заедничка употреба при потешки болни состојби.

Традиционално се употребува при акутни и хронични заболувања на ждрелото, горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на забите.

Пакување: 20 мл

Содржина

Состав

  • Прополис екстракт (Propolis extract) 5.0 г
  • Жалфија (Salviae off.) 0.1 г
  • Нане (Menthae Piperitae) 0.3 г
  • Анис (Pimpinella Anisum) 0.1 г
  • Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare) 0.6 г
  • Пропилен гликол (Propylene glycolum).

Употреба:

За деца од 1 до 3 години: до 30 капки во текот на денот, поделени во 3 до 4 дози пред јадење или со премачкување на непцата и лигавицата на усната шуплина.

Пробеби анги не треба да го употребуваат лица алергични на состојките на препаратот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се