EUCERIN AQUAporin Крем за околу очи, 15 мл

EUCERIN AQUAporin Крем за околу очи, 15 мл
1.040,00 ден.
624,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030532C
Online only
Акција само online, поради краток рок! Рокот на траење е до 30.08.2024
favorite_border

Опис на производот

Eucerin AQUAporin ACTIVE Регенеративниот крем за околу очи е иновативен хидратантен крем, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата, а неа ја прави мека, мазна и сјајна. Освен тоа, ја намалува подуеноста и темните кругови под очите.

Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем - аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре.

Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата. Тоа значи дека покрај ограничувањето на испарувањето и задржувањето на вода во надворешните слоеви на кожата, Eucerin AQUAporin ACTIVE го зајакнува и сопствениот хидратантен систем на кожата. Дополнително, Eucerin AQUAporin ACTIVE Регенеративниот крем за околу очи содржи и женшен и има метален апликатор, со цел подобар третман на подуеноста и темните кругови околу очите.

Резултат: Eucerin AQUAporin Кремот за околу очи овозможува интензивна 24-часовна хидратација за свеж изглед. Тој се справува со подуеноста на кожата под очите, помага во борбата против појавувањето на темните кругови и ги намалува фините брчки. Не содржи мирис и парабени. Офталмолошките тестирања докажаа дека е погоден за луѓе кои користат контактни леќи и за луѓе со чувствителна кожа и очи.

Пакување: 15 мл.

Содржина

Состав: вода, глицерин, глицерил глукозид, дикаприлил карбонат, бутилен гликол, каприлик/каприк триглицерид, хидрогенизирани коко-глицериди, пантенол, дистарч фосфат, полиглицерил-3 метилглукоза дистеарат, екстракт од корен од глицириза инфлата, панакс женшен екстракт, акрилати/Ц10-30 алкил акрилат вкрстен полимер, натриум карбомер, глукоза, ПЕГ-40 хидрогенизирано рицинусово масло, тридецет-9, 1,2-хексанедиол, каприлил глукол, пропилен гликол, феноксиетанол.

Употреба: Нанесете наутро и навечер со лесни движења со оладувачкиот апликатор, на деликатната зона околу очите. За дополнителен освежувачки ефект можете да го чувате во ладилник пред употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се