МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Ќофтиња од тиква, органски наут и ф’стаци

Мешунките на Probios се готови веднаш да се консумираат и да бидат искористени за разни рецепти.

За сите оние кои не се љубители на месо, или можеби сакаат да пробаат рецепт без месо, за промена ви нудиме еден прекрасен вегански рецепт- ќофтиња од тиква 🎃, органски наут од Probios и ф’стаци.

Потребни состојки:

pumpkin meatballs, koftinja od tikva, organski naut i f’staci

Подготовка:

1️⃣ Исечете ја пулпата на тиквата на коцки и измерете 340г. На загреано масло пропржете ги листовите од жалфија 1 минута, а потоа додадете ја тиквата, ловоровиот лист, солта и биберот. Добро мешајте и гответе на средна температура додека тиквата не омекне, додавајќи малку врела вода доколу е потребно.

2️⃣ Отстранете ги ловоровите листови и жалфијата, оставете само 2-3 листа жалфија и ставете ги заедно со тиквата во процесор за храна. Мешајте додека не добиете целосно хомогена смеса.

3️⃣ Измешајте го наутот со сол и бибер и посипете масло додека смесата не стане целосно мазна. Ставете ја блендираната тиква во сад заедно со наутот, зачинете со сол и бибер и измешајте ги со брашното од наут и мелен лук. Мешајте добро, додека не добиете рамномерна смеса.

4️⃣ Оформете ќофтиња го големина на орев и поминете ги со исечканите ф’стаци. Потоа ставете ги на хартија за печење. Попрскајте ги со масло и испечете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека ќофтињата не добијат златна боја.

5️⃣ Сервирајте ги со микс од салати и попрскани со глазура од балсамиран оцет.

На здравје!