NIMO Антидекубитален душек со пумпа
NIMO Антидекубитален душек со пумпа
3.570,00 ден.
Категорија
Бренд
Шифра
053610C
Опис на производот
Alternating Pressure Air Mattress With Pump - Воздушен душек со наизменичен притисoк со пумпа
Медицински антидекубитален систем
Пумпа за притисок:
- Едноставна употреба
- Алуминиумска заштита на моторот
- Низок степен на бучава вибрации и ослободена топлина при работа на пумпата
- Со копче за лесно прилагодувае на притисокот
- Кука за прицврстување на рамката на креветот
Карактеристтики на компресорот (пумпата):
- Време на циклусот: 12 минути
- Излез на воздух: 5-7 L /мин
- Опсег на притисок: 50-110 mmHg
- Напојување со електрична енергија: 220-240 V
- Заштита од електричен удар Класа II
Душек:
- Воздушни меурчиња наизменично распоредени по ситем А-Б, обезбедуваат супериорен терапевтски третман
- Наизменичниот притисок со одреден ритам ја избегнува продолжената васкуларна компресија која може да предизвика ткивна хипоксија
- Наизменичниот притисок го прилагодува душекот на положбата на пациентот
Карактеристики на душекот:
- Максимална тежина на корисникот: 130 кг
- Димензии: 200х90 цм
- Состав: PVC 0.3 мм
Пакување: душек со компресор
Содржина
Упатства за употреба:
Традиционално прифтен метод за контрола на притисокот на телото со цел минимизирање на ризикот од настанување на декубитални рани.
Намена:
- За пациенти кои поминуваат и повеќе од 15 часа во кревет
- За пациенти кои се во среден или висок ризик од развој на декубитални рани
Начин на употреба:
- Одвиткајте го душекот
- Поставете го на креветот
- Прицврстете го на креветот со помош на куките
- Закачете го компресорот (пумпата) на крајот од креветот (кај стапалото) користејќи ги куките
- Поврзете ги цевките за напојување на душекот со конекторот на компресорот (пумпата) со усогласување на соодветните излези
- Поврзете го кабелот за електрично напојување со компресорот (пумпата)
- Водете го долж креветот до штекерот за душек и приклучете го
- Притиснете го прекинувачот за да го вклучите компресорот (пумпата)
- Пред да го поставите пациентот на душекот, почекајте додека душекот не се надува целосно
- Изберете го притисокот што одговара на потребите на пациентот
Безбедносни мерки:
- Потребно е посебно внимание при работа со електрична опрема
- Не го оставајте приклучен во струја кога не го користите производот
- Чувајте го производот на места заштитени од влага
- Немојте да користете корозивни средства за чистење како што се индустриски средства за одмастување или оцетни растворувачи
- Немојте да го преместите производот додека е поврзан на струја
Чистење/дезинфекција:
Компресор (Пумпа):
- Внимание: Исклучете го производот од струја
- Чистете со крпа натопена во раствор од благ детергент
- Следете ги инструкциите на производителот на средството за чистење
- Следете ги инструкциите на производителот за отстранување на остатоците од средството за чистење
- Чувајте го на места заштитени од влага
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се